Британската Влада донела одлука да се дозволи повторно играње фудбал, а денеска само треба да ја соопштат оваа одлука со која Премиерлигата во Англија ќе продолжи на 12. јуни.
Премиерот Борис Џонсон денеска ќе ја соопшти оваа вест дека Премиерлигата ќе ја продолжи сезоната на 12. јуни, а за утре се очекува побјавување на планот за сите останати спортски активности во Велика Британија, објавија медиумите на Островот. До прекинот во март поради пандемијата со коронавирусот беа одиграни 29 кола во Премиерлигата и остануваат уште девет кола, или точно 92 натпревари за да биде завршена сезоната.
Планот е да се игра на неколку неутрални терени во Англија, но тоа се уште не е прецизно дефинирано, а моментно лидер е Ливерпул со 82 бода, 25 повеќе од актуелниот шампион Манчестер сити, но со натпревар повеќе.
Покрај најквалитетната англиска лига, рестарт се најавува и за Чемпионшип лигата, а таму лидер е тимот на нашиот Езџан Алиоски, Лид Јунајтед кој има 71 бод, пред ВБА со 70 бода. И во ова натпреварување ќе треба да се доиграат уште девет кола, а што се однесува до останатите лиги, тие најверојатно ќе бидат прекинати.