Владата на Обединетото Кралство издаде лиценца со која се дозволува продажба на Челзи на Тод Боли , пренесува „Скај Спортс“.
Претходно, продажбата на клубот беше одобрена од раководството на англискиот премиерлигаш. Според изворот, владата на Велика Британија го одобрила договорот откако добила правни гаранции дека Роман Абрамович, чии средства во земјата се замрзнати, нема да има корист од продажбата на клубот. Зделката изнесуваше 4,25 милијарди фунти (околу 5 милијарди евра).
Да потсетиме дека на 26 февруари Роман Абрамович им го предаде управувањето на клубот на поверениците на добротворната фондација Челзи. На 2 март тој објави дека има намера да го продаде клубот. На 10 март, владата на Велика Британија воведе санкции против Абрамович. Имотот на рускиот бизнисмен, вклучувајќи го и фудбалскиот клуб беше блокиран.