Предводникот на репрезентацијата на Швајцарија која беше четвртфиналист на Евро 2020 Владимир Петковиќ постигна договор со тимот на Бордо и ќе го преземе во наредните денови.
Францускиот тим постигна договор со Федерацијата на Швајцарија за 57-годишниот тренер. Поранешниот тренер на Лацио се очекува да биде на трибините во сабота кога жирондинците ќе се соочат со Троа во својата последна контрола ова лето.
Валдимир Петковиќ ја водеше селекцијата на Швајцарија од 2014 година.