Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Владо Милев го напушти одбојкарскиот клуб Струмица
    Домашен микс

    Владо Милев го напушти одбојкарскиот клуб Струмица

    risteBy riste14/01/2026No Comments3 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Одбојкарскиот репрезентативец на Македонија, Владо Милев реши да се повлече и повеќе нема да биде дел од одбојкарскиот клуб Струмица. 

    Милев е еден од највлијателните луѓе кои работеа во овој клуб. Со своите познанства и контакти ѝ помогна на Струмица да се развие во сериозен проект, а од клубот порачаа дека тоа нема никогаш да биде заборавено. 

    „Одбојкарскиот клуб Струмица имаше чест и привилегија да биде воден од човек со исклучителен интегритет, визија и посветеност – Владо Милев.

    Репрезентативец на Македонија, дел од генерацијата која го оствари најголемиот успех во историјата на македонската одбојка, и потпретседател на Одбојкарската федерација на Македонија.

    Под негово водство, клубот секоја година е шампион во сите категории – пионери, кадети, младинци и сениори, постигнувајќи континуитет на успех што е реткост во спортот.

    Владо го реализираше и еден од најголемите проекти во историјата на македонската одбојка – соработката со Jastrzębski Węgiel, европски и полски шампион, проект кој ретко кој клуб може да го повтори. Благодарение на ова, младите играчи имаа можност да тренираат со врвни играчи, да видат како се игра во елитата, а тренерите на клубот добија едукација од највреднуваните тренери во светот, знаење кое веднаш го применуваа во клубот, со резултати во сите категории.

    Покрај тоа што беше претседател, Владо го водеше и тимот како главен играч, привлекувајќи и поддржувајќи врвни странски играчи кои придонесоа за развојот и нивото на клубот. Со својот труд, посветеност и професионализам, Владо создаде пример за сите – играчи, тренери и млади генерации.

    Покрај спортските успеси, Владо ја изгради препознатливоста на клубот преку меѓународни и еразмус проекти, создавајќи систем и визија кои го поставуваат клубот на европската карта.

    По внимателно размислување, Владо одлучи да се повлече од клубот – и како претседател, и како играч. Оваа одлука е направена во согласност со неговите принципи и визија, прифаќајќи дека продолжувањето на соработката со дел од управата, со различни вредности и пристапи, не е во согласност со тие принципи.

    Сè што Владо постигна со клубот е трајна вредност и сведоштво за трудот, посветеноста и интегритетот со кои го водеше клубот.

    Како клуб, изразуваме огромна благодарност за сè што направи – за играчите, за тренерите, за младите, за градот и за македонската одбојка.

    Владо Милев не само што ја создаде историјата на клубот – тој остави наследство кое ќе ги инспирира сите генерации што доаѓаат. Историјата секогаш памети кој создавал – и Владо заслужено го има своето место“, напишаа од Струмица.

    Владо Милев први одбојкарски чекори ги направи токму во Џио Струмица во 2005 година, а потоа почна меѓународна кариера и играше во Пурс, Арбесбах, Краиова, Пафос, Казинцбарцика и Будва, за во 2020 година повторно да се врати во Струмица и му помогна на тимот да доминира во македонската одбојка.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

    16/11/2026

    Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23

    16/11/2026

    Украинецот Захариев е освојувач на 55. „Златен Гонг“

    15/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.