Англиските медиуми објавија дека Нотингем Форест ќе плати 9 милиони евра за потписот на голманот на Бенфика, Влаходимос.
Грчкиот интернационалец откако ќе се склучи договорот веднаш ќе ја напушти Португалија и ќе замине на задолжителни лекарски прегледи во Англија. Влаходимос е роден во Штудгарт и поседува германски пасош. Тој потекнува од фудбалската школа на популарните „шваби“.
Претходно има играно и за Панатинакос. За екипата на Бенфика бранеше на 151 меч.