Српскиот напаѓач во екипата на Јувентус Душан Влаховиќ, кој постигна гол на првиот натпревар од 1/8 финалето на Лигата на шампионите со Виљареал (1:1), застана на исто ниво со легендарниот напаѓач – Алесандро Дел Пјеро, ојави „Opta Joe“ на Твитер.
Според оваа информација, Душан Влаховиќ (22 години, 25 дена) стана вториот најмлад играч кој постигнал гол на своето деби за Јувентус во Лигата на шампионите по Дел Пјеро (20 години, 308 дена).
Да потсетиме дека Влаховиќ стана играч на Јувентус во зимскиот преоден рок, преминувајќи од Фиорентина за 81,6 милиони евра. Сезонава учествуваше на 29 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна 22 постигнати гола и 5 асистенции. Неговиот договор со Јувентус е до 30 јуни 2026 година.