Напаѓачот на Србија и Јувентус, Душан Влаховиќ ги демантираше гласините дека е во романтична врска со сопругата на неговиот репрезентативен колега, голманот Предраг Рајковиќ.
Претходно беше објавено дека напаѓачот почнал да излегува со сопругата на голманот за време на тренинг кампот пред Светското првенство.
„Штета што сум принуден да коментирам неспортски гласини пред мечот на Светското првенство и речиси нема смисла да се оценува оваа апсурдност. Сè за мојата афера со сопругата на мојот партнер е лага. Штета што во пресрет на натпреварот морам да зборувам за такви работи“, изјави за „Марка“ Влаховиќ.
Во групата Г, Бразил освои шест бода за да го обезбеди првото место и да се пласира во нокаут фазата на турнирот. На второ место е Швајцарија (3). На третата и четвртата позиција се Камерун и Србија кои имаат по еден бод.Во последното коло Србија игра против Швајцарија и со победа може да се надева на осминафинале.