Гол-машината на Фиорентина – Душан Влаховиќ – продолжува да пишува историја со головите кои ги постигна во 2021 година.
Денес, напаѓачот на Фиорентина го постигна 30-от гол во оваа календарска година, со што стана само четвртиот играч во историјата на Серија А кој ја достигнал таа бројка во една календарска година пред да наполни 22 години. Останатите тројца се од далечното минато – Џузепе Меаца за Интер (1930-та). Феличе Борел за Јувентус (1933) и Антонио Валентин Анџелило за Интер (1958).
Неодамна Влаховиќ стана играчот со најмногу голови за „виолетовите“ во една година. Тој е лидер и во голгетерската конкуренција во Серија А со 13 гола, колку што има и Чиро Имобиле од Лацио. Договорот на Србинот со Фиорентина истекува во летото 2023 година, а тој јасно стави до знаење дека нема намера да го продолжи. За него постои голем интерес од бројни врвни клубови во Европа.