Напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ, веројатно ќе биде ставен на траснфер листата на крајот на сезоната, најавуваат медиумите на „Чизмата“.
Српскиот фудбалски репрезентативец кој беше купен од Фиорентина не успеа да се наметне кај „старата дама“. Тој одигра 44 мечеви и постигна 16 голови.
Влаховиќ има договор до 2026 година а неговата трансферна сума се проценува на околу 70 милиони евра. За неговиот потпис се заинтересирани екипи од Англија и Германија.