Фудбалерот, Душан Влаховиќ, од понеделник ќе се врати на активностите во тимот, потврди тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри. „Старата дама“ по казната со одземање на 15 бодови, падна на 10. позиција на табелата.
„Ќе мора да освојуваме бодови. Имаме натпревари во Лига Европа и Купот на Италија. Набрзо се враќаат Влаховиќ и Пол Погба“ – потврди Алегри.
„Пред казната имавме 37 бодови и можевме да конкурираме и за титулата. Сега мора да работиме и да заборавиме на тоа што се случи“ – потенцираше тренерот на Јуве.