Напаѓачот на Фиорентина, Душан Влаховиќ, најави дека ќе остане во клубот.
„Ова лето навистина имав многу интересни понуди, но не барав продажба од клубот. Се обидов да останам во Фиренца и ќе играм тука“, изјавил Влаховиќ за Скај Спорт Италија.
Претходно, Атлетико Мадрид беше заинтересиран за услугите на српскиот 21-годишен напаѓач. Минатата сезона Влаховиќ постигна 21 гол на 37 натпревари во Серија А и беше прогласен за најдобар млад играч во шампионатот.