Душан Влаховиќ повторно беше херој на Јувентус. Србинот постигна два гола во победата од 3:0 над Сасуоло во Серија А, што ги остави „Бјанконерите“ два бода зад лидерот Интер. Напаѓачот откри која е тајната на неговиот тим.
„За секој натпревар се подготвуваме како да е последен, на секој натпревар се трудиме да го дадеме максимумот. Среќни сме што победивме и сакаме да продолжиме на овој начин, но секогаш мора да бидеме концентрирани и фокусирани“, изјавија Влаховиќ.

