Македонскиот репрезентативец Влатко Стојановски е нов фудбалер на хрватскиот прволигаш Горица, објави клубот. Тој доаѓа во оваа екипа како слободен играч откако го раскина договорот со Ним. Влатко Стојановски потпиша договор до мај 2024 година.
„Се чувствувам одлично, мило ми е што дојдов во добро организиран клуб, кој секоја година напредува се повеќе и има големи амбиции. Ми се допаѓа хрватската лига, ја следев досега и мислам дека за мене е добар предизвик“, изјави Стојановски, кој се фотографираше со дресот со број „70“.
Во кариерата која ја започна во Македонија настапуваше за неколку екипи, почна во Металург, а негов последн клуб беше Ним од кој замина на позајмица во Шамбли.