Агенцијата за млади и спорт денеска ги додели ваучерите за Националните спортски федерации, мерка која беше одамна најавена, а е во насока на подобрување на работата на спортските федерации, преку изнаоѓање партнери за соработка кои ќе ги искористат поволностите од законот за ослободување од законот за добивка.
Беа доделени ваучери на 40 спортски федерации, а во наредните денови ќе им бидат доделени исто такви ваучери на клубовите и спортските поединци. Со оваа мерка од страна на Владата очекуваат да бидат доделени ваучери во вредност од 6 милиони евра.
Доделувањето на ваучерите на федерациите го извршија директорот на АМС, Дарко Каевски, советникот за спорт при Владата, Даниел Димевски.
Ракометната федерација на Македонија доби најголем ваучер во противвредност од околу 250.000 евра, на МКФ е доделен ваучер од околу 200.000 евра, а Одбојкарската федерација која ќе учествува на ЕП во Словенија во септември, ќе може преку новата мерка на АМС да искористи околу 180.000 евра, за изнаоѓање финансиски средства кои ќе имаат даночно ослободување преку законот за добивка.