Манчестер Јунајтед постигнал договор со директорот за спорт и развој на московскиот Локомотив Ралф Рангник.
Информациите кои ги објавија медиумите во Англија велат дека тој ќе стане привремен тренер на клубот до крајот на сезоната, по што ќе работи во структурата на клубот две години. Сега Манчестер Јунајтед ја чека одлуката на Локомотив Москва кој мора да се согласи на заминување на овој фудбалски стручњак.
Локомотив го објави назначувањето на Ралф Рангник за директор за спорт и развој во јули 2021 година. Договорот на Рангник со оваа екипа е на три години. Германскиот специјалист се занимава со широк спектар на прашања, вклучувајќи стратешко планирање и развој на спортот, како и работата на вертикалата на клупските тимови, академијата и тренинзите на резервниот тим. Заедно со Рангник, во клубот работи тим од специјалисти.