Баерн Минхен во моментов не размислува за отказ на тренерот Јулијан Нагелсман, објави „Атлантик“.
Раководството на клубот не е задоволно од состојбата во тимот. Но управата не верува дека тренерот е виновен за се, во моментов Нагелсман ја има довербата. За виновни се сметаат некои фудбалери кои не се грижат за својата работа, сметаат челниците. Баерн не успеа да извојува ниту една победа на последните четири средби од германската Бундес лига.
Во три натпревари клубот од Минхен одигра нерешено: со Борусија Менхенгладбах (1:1), Унион (1:1) и Штутгарт (2:2), а во последното коло загуби од Аугсбург со резултат 0:1.
Во следниот натпревар по репрезентативната пауза, Баерн на домашен терен ќе игра со Баер Леверкузен (30 септември 20:30 часот).