Во Офицерскиот дом во Битола беше одржана завршната конференција на проектот Спорт без бариери – современи методологии, практики и можности за инклузивен спорт!

Проектот „Никој зад“ ја има целта да го зголеми учеството на децата и младите со попреченост во спортот, да не остави никој зад себе и паралелно да промовира активен начин на живот, поддршка на одржлива спортска политика, како и обезбедување секторска соработка за подигање на свеста за придонесот што спортот може да го даде.
Овој проект е финансиран од Еразмус + програмата на ЕУ, а е во партнерство со организации кои работат со млади со попреченост од Шпанија и Португалија.

Преку овој проект за спорт без бариери се реализираа обуки насочени кон вклучување на деца со помалку можности, обука за тренери и истите беа насочени кон создавање можности за размена на најдобри практики, градење компетенции и поттикнување на иновативни идеи во врска со мерките за инклузија.
Координатор на овој проект е Гордана Цветковска Бошевска која на завршната конференција го истакна значењето на овој проект но го претстави Прирачникот кој е изработен во рамките на истиот и ќе биде како ресурс за идни тренери и спортски организации.

Организаторот на настанот истакна дека преку него сакаат да понудат лесно достапни рекреативни активности за деца и лица со попреченост, активности што ги охрабруваат да бидат активни и што внесуваат повеќе спорт и вежбање во нивното слободно време и дневна рутина. Целта е да се создаде трајно позитивно влијание врз заедниците и земјите каде што ќе се одвива проектот, со демонстрирање на колективна солидарност, емпатија и поддршка за луѓето што живеат таму.
Проектот ќе придонесе за развој на социјално инклузивен свет, со фер распределба на ресурсите и правата.
Овој проект исто така има поддршка и од Оптина Битола, а истата ја истакна градоначалникот Тони Коњановски кој во своето обраќање ги спомна и јавните повици кои ги има објавено Општина Битола за обезбедување услуги за рехабилитација и поддршка на лица со попреченост преку здруженија на граѓани.

Координаторот на проектот Гордана Цветковска Бошевска се надева дека овој проект ќе биде широко прифатен во нашата земја и со тоа да им помогне на што поголем број на лица со попреченост да бидат вклучени во спортот.


