Борусија (Дортмунд) може да ги распродаде повеќето свои големи sвезди следното лето, објавуваат медиумите во Германија. Истите тврдат дека од „Сигнал Идуна Парк“ подготвиле список на играчи кои ќе бидат ослободени на пазарот по завршувањето на сезоната.
Причината за оваа одлука се големите финансиски загуби што ги претрпе клубот по затворањето на стадионите во Германија поради пандемијата на коронавирусот. Само во последните 6 месеци загубите на оваа екипа достигнаа 27 милиони евра и тие би можеле да загубат нови 75 милиони евра доколку не успеат да се пласираат во Лигата на шампионите следната сезона.
Затоа во клубот се помирија со фактот дека ќе мора да направат сериозна чистка, разделувајќи се со некои од нивните најскапи играчи. Меѓу нив се Џејдон Санчо, Аксел Витсел, Мануел Аканџи и Махмут Дахуд. Доколку е потребно, може да се додадат на овој списсок и Џовани Реина, Рафаел Гереиро и Ерлинг Халанд.