Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Во Бразил фудбалери туркаа амбулантно возило
    Фудбал

    Во Бразил фудбалери туркаа амбулантно возило

    risteBy riste17/09/2018No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Гледачите на натпреварот од бразилската Серија „А” меѓу Васко де Гама и Фламенго беа сведоци на еден нескојдневен момент. Фудбалери и на двата тима мораше да го туркаат автомобилот на амбулантата за да излезе од теренот откако автомобилот заглавил, а требало да транспортира повреден играч.

    Играчот на Васко де Гама Бруно Силва ја удри главата со соиграч при скок и борба за висока топка, по што падна на земја и загуби свест. Амбулантна кола влезе на теренот за да го изнесе надвор од теренот и транспортира во болницата, но заглави на теренот на стадионот „Мане Гаринча”. Играчите на двата тима се наредија позади автомобилот и почнаа да туркаат. На крајот нивните напори резултираа со успех и амбулантна кола сепак тргна.

    Натпреварот беше прекинат 10 минути и на крај заврши 1:1, а фудбалерот беше отпуштен во текот на вчерашниот ден од болницата.

    „За прв пат станувам сведок на вакво нешто на теренот. Отпрвин, кога возачот не натера да туркаме, мислев дека се шегува. Но, тој беше исплашен и инсистираше да се вклучиме сите, бидејќи автомобилот не можеше да се помести. На крајот се мина нормално. Ме радува што играчот немал сериозен проблем, сепак беше важно да се има брза реакција“ изјави дефанзивецот на Фламенго Ревер.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Пеп: ме изненади тактиката на Артета

    28/01/2023

    Елмас сакал да го напушти Наполи

    28/01/2023

    Ристовски проговори за ситуацијата во клубот

    28/01/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Ивановски ќе игра ново финале
    • Пеп: ме изненади тактиката на Артета
    • Елмас сакал да го напушти Наполи
    • Ристовски проговори за ситуацијата во клубот
    • Њукасл пред потпис со Гордон од Евертон
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.