Познати се двојките за натпреварите од 3-то коло на ФА купот на Англија, а за нас нај интересен ќе биде дуелот на единствениот македонски фудбалер на Островот, Езџан Алијоски кој со својот тим Лидс Јунајтед ќе дебитира во овогодинешното издание на ФА Купот против Арсенал и тоа на „Емирати“.
Ливерпул и Евертон ќе се соочат во градско дерби на „Енфилд“, додека Манчестер Јунајтед можеби доби најтежок противник и како и минатата сезона ќе му гостува на Вулверхемптон.
Натпевари за трето коло на ФА Куп:
Манчестер Сити – Порт Вејл
Мидлзброу – Тотенхем
Арсенал – Лидс Јунајтед
Ливерпул – Евертон
Вулверхемптон – Манчестер Ј.
Лестер – Виган
Челзи – Нотингем
Фулам – Астон Вила
Шефилд Јунајтед – Фајлд
Саутемптон – Хадерсфилд
Бурнмаут – Лутон
Брајтон – Шефилд В
Рочдејл/Бостон – Њукасл
Натпреварите од третото коло на ФА Купот ќе се играат меѓу 3 и 6 јануари 2020 година.