Новак Ѓоковиќ своето враќање во Австралија го круниса со трофеи и ја отвори 2023 година со титула, со победа во финалето на АТП-турнирот во Аделаида, Австралија.
Во неверојатно финале по голема борба, Ѓоковиќ со 2:1 во сетови (6-7, 7-6, 6-4) успеа да слави над американскиот тенисер Себастијан Корда (33. место на АТП-листата). Првиот сет беше тежок за Ѓоковиќ и го загуби во тај-брејкот, но затоа се врати во вториот сет на идентичен начин. Во првиот сет имаше интересен момент, кога Новак Ѓоковиќ реши од трибините да ги „избрка“ братот Марко и неговиот агент.
Третиот ревашачки сет успеа да го добие со 6:4 и со тоа да ја освои првата титула во 2023 година. Ова беше 92. титула во кариерата за Ѓоковиќ, додека на турнирите во Австралија ја забележа 34 победа во низа.