Со натпреварот меѓу Македонија Ѓорче Петров и Победа денеска почнува третото коло во Првата македонска лига.
И двете екипи очекуваат прва победа сезонава, а гостите од Прилеп и првгол, откако по две кола во кам-бекот во Првата лига не ја затресоа мрежата на ривалите.
Мечот ќе се игра од 17 часот во Ѓорче Петров, а утре во истиот термин ќе се играат уште четири натпревари.
Фудбал, ПМФЛ – 3.коло
Денес:
17:00 Македонија ЃП – Победа
Утре:
17:00
Силекс – Скопје
Академија Пандев – Шкендија
Струга Трим Лум – Работнички
Тиквеш – Брегалница