Натпреварите на италијанскиот шампионат по продолжувањето на сезоната 2019/20 ќе се одржуваат секој ден, пренесува „Кориере дело Спорт“.
Според изворот, толку тежок распоред е избран за да има време да се заврши сезоната пред 2 август. Да потсетете дека продолжувањето на сезоната во италијанската Серија А е закажано за 20 јуни. Во интерес на клубовите и телевизиските компании, средбите ќе започнат во различни периоди.
Поради пандемијата на коронавирус, многу спортски натпреварувања се суспендирани. Претходно беше објавено дека сезоната во италијанскиот шампионат може да продолжи со натпреварот Аталанта – Сасуоло.
Лидер во италијанската Серија А е Јувентус со 63 поени по 26 кола, а втор е Лацио со 62 поени.