Германскиот клуб Келн објави дека тројца вработени во клубот имале позитивен тест на Ковид-19. Оваа екипа беше една од првите во Германија кои продолжија со тренинзи во мали групи и во согласност со сите барања за хигиена. Сепак, клубот не успеа да го запре ширењето на инфекцијата.
Во Келн не се наведени имињата на заразените, кои во оваа фаза немаат никакви симптоми. Тие ќе бидат ставени во карантин во наредните две недели, за кое време ќе бидат дополнително тестирани. Сепак, клубот објави дека немаат намера да го стопираат процесот на тренинг, кој ќе продолжи како што беше планирано, со поддршка од фудбалските власти во Германија.
„Во нашите секојдневни животи, гледаме дека мерките што ги преземаме го намалуваат ризикот од инфекција што веќе е стопиран во рана фаза. Ние ќе продолжиме да одржуваме контакти со одговорни медицински власти и експерти. Веруваме дека можеме да им овозможиме на фудбалерите да продолжат со својата професија, а во исто време да им овозможиме максимална заштита од инфекција“, рече во оваа пригода првиот човек на кризниот штаб во Бундеслигата за коронавирусот, Тим Мајер.