Доцна вечер од 21.00 часто во Баку ќе биде одиграно големото финале во фудбалската Лига Европа меѓу Челзи и Арсенал. Во главниот град на Азербејџан ќе се сретнат два тима кои доаѓаат од Лондон и кои имаат богата традиција во европскиот фудбал.
Челзи заврши во топ 4 во Премиер конкуренцијата и си обезбеди учество во ЛШ додека за „топчиите“, мечот во Баку ќе биде последната шанса да си обезбедат виза за фудбалската елита на Стариот континент. Натпреварот ќе биде посебен за Петар Чех. Голманот кој е легенда на Челзи денеска ќе го одигра последниот професионален меч. Според најавите, тој ќе остане на „Стемфорд Бриџ”, но, ќе ја има улогата на спортски директор.
Можни состави: Челзи (4-3-3): Аризабалага; Аспиликуета, Д. Луис, Кристенсен, Алонсо, Баркли, Жоржињо, Ковачиќ; Вилијан, Жиру и Азар. АРСЕНАЛ (3-4-2-1): Чех; Сократис, Косчиелни, Монреал, Нилс, Џака, Тореира, Колашинац, Озил, Лаказет и Обемејанг. Судија на Олимпискот стадион во Баку ќе биде Џанлука Роки (Италија).