Вооружени лица ноќеска ги киднапирале родителите на ѕвездата на Ливерпул, Луис Дијаз, потврдија медиумите во Јужна Америка.
Според последните информации од Колумбија, мајката на фудбалерот е пронајдена а неговиот татко е во заробеништво.
Локалниот портал – „Семана“ објави снимка од киднапирањето на која се гледаат вооружени напаѓачи на моторцикли и возило во кое наводно се наоѓаат родителите на Дијаз.