Пехарот кој го добива освојувачот на Лигата на Европа на УЕФА бил украден, па потоа пронајден во мексиканскиот град Леон, објавија локалните власти.
Трофејот на вториот најважен европски клупски турнир бил дел од рекламна турнеја во Мексико. Според информациите, истиот е украден од автомобил, но подоцна бил пронајден од страна на полицијата.
Следнава недела на програмата се првите полуфинални дуели од ЛЕ во кои во битка за пласман во големото финале во мај во Лион се борат Арсенал – Атлетико Мадрид и Марсеј – Салцбург.