Спортскиот директор на Милан Леонардо категорично негираше за евентуално ослободување на Џенаро Гатузо од функцијата тренер.
„Гатузо е нашиот тренер и не постои и никогаш немало алтернативен план. Никогаш не сме се поврзувале со Арсен Венгер и Антонио Конте, чии имиња беа споменати во овој период. Сеуште сме на пат за остварување на својата цел, која е четвртото место” рече Леонардо.
„Разговараме со (директорот на клубот) Паоло Малдини и Леонардо секој ден. Постои голема искреност меѓу нас. Се чувствувам поблиску до нив, никој не ми кажал дека имам ултиматум. Од 1 јули слушам дека „Гатузо мора да си оди” , но во моментов се чувствувам одлично и имам поддршката на директорите. Се разбира, треба да постигнеме добри резултати, инаку оној кој плаќа неуспехот е тренерот”, изјави Џенаро Гатузо на прес-конференција пред натпреварот со СПАЛ.