Тренерот на фудбалерите на Милан, Стефано Пиоли, доби добри вести од лекарскиот тим бидејќи Сандро Тонали и Браим Дијаз добија зелено светло да се вклучат во денешниот тренинг на „Сан Сиро“, објавија медиумите во Италија.
Двајцата првотимци успеаја да ги надминат проблемите со повредите и да влезат во лесен тренинг процес.
Тоа значи дека „росонерите“ за утрешниот меч на домашен терен против Торино во Купот на Италија ќе ги имаат на располагање Тонали, Дијаз и Џанлука ди Марцио.

