На денот на последниот натпревар од Лигата на шампиони меѓу ПСЖ и Баерн Минхен во центарот на Марсеј, ќе биде забрането носење на било какви предмети (дрес, шал и слично) на клубот од Париз, пренесува „Ле Паризиен“.
Оваа одлука беше донесена од градските власти за одржување на редот. Ова се должи на непријателските односи меѓу навивачите на Олимпик Марсеј и ПСЖ. Финалето ќе се одигра на 23 август во Лисабон, а парижаните ќе имаат можност за прв пат да го освојат овој трофеј.
Без разлика што се работи за клуб од нивната земја, навивачите на Олимпик Марсеј не се многу расположени да го поддржат ПСЖ во овој натпревар, сепак ривалитетот им е на прво место.