Клубовите на Премиер лигата потрошиле вкупно 180 милиони фунти во овој јануарски трансфер период, и за прв пат од 2012 година се потрошени помалку пари во споредба со претходната година.
Речиси 1/3 од оваа сума се пресметува од трансферот на Кристијан Пулишиќ во Челзи. Лондончани платиле повеќе од 55 милиони фунти за Американецот, иако тој ќе се приклучи на тимот во текот на следното лето. Ова останува најскапиот договор во Премиер лигата оваа зима.
Минатиот јануари, клубовите на Премиер Лигата потрошија 430 милиони фунти за трансфери. Најскапиот договор, кој подоцна беше многу успешен, беше да привлекувањето на Вирџини Ван Дајк во Ливерпул. Од „Енфилд“ платија 75 милиони фунти за Холанѓанецот. Манчестер Сити потрошил 50 милиони евра за Лапорта. Повеќето поголеми трансфери во јануари оваа година всушност беа заминувања. Бразилелот Дијаз се пресели од Манчестер Сити во Реал Мадрид за 15,5 милиони фунти. Тотенхем го продаде Муса Дембеле во Кина за 11 милиони евра, а Шалке го доби талентот на Манчестер Сити Раби Матондо за 9,6 милиони фунти.
Во јануари 2011 година, клубовите од Премиер лигата потрошија 225 милиони, но една година подоцна сумата беше драстично пониска, само 60 милиони. Секоја година се зголемуваше или задржуваше оваа сума – 120 милиони за 2013, 130 милиони за 2014 и 2015, 175 милиони за 2016, 215 милиони за 2017 и веќе споменатите 430 милиони за 2018-та година.
Вкупната сума потрошена за сезоната 2018/19 (летен и зимски трансфер период) изнесува 1,4 милијарди фунти. Ова е втората највисока вредност од претходната сезона кога беа потрошени 1,9 милијарди фунти во двата трансфер периоди.