Челниците на Пари Сен Жермен се лути на колегите од Челзи поради неуспешниот трансфер на Хаким Зиеш. Двата клуба постигнаа договор за трансфер на Мароканецот на позајмица на „Паркот на принцовите“, а самиот фудбалер отпатува за Париз и ги помина сите задолжителни прегледи.
Сепак, серијата гафови, главно на лондончани, спречија зделката да биде завршена и играчот да биде навреме пријавен. Така се пропадна во последен момент, а Зиеш си замина дома на „Стемфорд Бриџ“. Според „Скај Спортс“, ПСЖ е крајно лут поради ваквиот развој на настаните и се заканува дека повеќе нема да работи со овој клуб.
„Синоќа беше апсолутен хаос. Челзи тешко дека повторно ќе се појави пред вратата на ПСЖ. Така не се прави бизнис и не можеш да се однесуваш така со играч“, велат извори од „Паркот на принцовите“.
Неуспешниот договор е сериозно разочарување и за самиот Зиеш, кој речиси не играше од почетокот на сезоната во Челзи и се надеваше дека со неговиот трансфер во ПСЖ ќе има можност да ја оживее кариерата. Сепак, се чини дека тој ќе продолжи да ја грее клупата на „Стемфорд Бриџ“, особено откако клубот донесе неколку нови играчи во овој преоден рок.