Тренерот на Рома, Еузебио ди Франческо, беше доста разочаран по тешкиот пораз со 4:1 на гостувањето кај Барселона синоќа.
Тој ги критикуваше и неговите играчи, но и судијата, истакнувајќи дека каталонците се доволно силен тим и немаат потреба од судиска помош. „Барселона е многу силен тим и нема потреба од помош, но во овој случај тие добија такво нешто од судијата, но и од самите нас. Се претставивме комплетно добро, но направивме многу наивни грешки и си плативме скапо. Не можам да се пожалам од односот и карактерот на момците, бидејќи тие се обидоа да дадат сè од себе“, вели тренерот на „волчицата“.