Необичен инцидент се случи на натпреварот од втората лига на Романија помеѓу Рапид и Петролул.
Екипата на Рапид од 28-та минута играше со играч помалку, а во 65-та минута доби пенал. 19-годишниот голман Попа успеа да го одбрани ударот на пртивничкиот играч, но судијата не го призна тоа бидејќи голманот ја напуштил гол линијата предвреме.
Голманот беше незадоволен од одлуката на судијата и доби жолт картон за неговите протести. Вториот удар од 11-метари го изведе друг играч на Петролул, но ситуацијата се повтори – Попа повторно го одбрани ударот на противничкиот играч , но исто така предвреме ја напушти гол линијта, на тоа реагираше и помошниот судија, а главниот побара по трет пат да се изведе пеналот. За емотивни протести против оваа одлука, судијата го исклучи голманот Попа покажувајќи му црвен картон.
Резервниот голман Рапид влезе на теренот, а третиот играч на Петролул шутираше далеку над голот и не успеа да го реализира пеналот и од трет обид.

