Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Во Серија А бил подготвен нов календар до крајот на сезоната
    Фудбал

    Во Серија А бил подготвен нов календар до крајот на сезоната

    risteBy riste15/03/2020No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Голем број италијански медиуми објавија дека Серија А подготвила нова програма до крајот на сезоната, откако првенството беше суспендирано до 3 април поради пандемија на коронавирус.

    Бидејќи има 11 случаи на заразени фудбалери од самата фудбалска лига, се чини поверојатно натпреварите да продолжат за време на викендот на 2 мај и сезоната да заврши на 30 јуни.

    Така, ќе се играат девет кола во текот на викендите и уште три во средината на неделата, како и пет датуми на натпревари за европските клупски натпреварувања. Така, до крајот на сезоната, може да испадне дека некои фудбалери ќе одиграат 17 натпревари во Калчото и Лигата на шампионите или во Лигата на Европа.

    Купот на Италија, каде се одиграа првите полуфинални натпревари, ќе биде жртвуван и преселен во следната сезона.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Арапите го сакаат и Заха

    07/06/2023

    Митровиќ може да го промени тимот но, не и градот

    07/06/2023

    Здравков: Брегалница покажа квалитет, имаме големи мотиви и за следната сезона

    07/06/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Ивановски и Србљак влегоа во второто коло
    • Астон Мартин ќе се појави со подобар болид
    • Пристли се осврна на резултатите на Перез
    • Арапите го сакаат и Заха
    • Митровиќ може да го промени тимот но, не и градот
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.