Нешто невидено 51 година се случи во првото коло од новата сезона во Серија А. Ниту еден од натпреварите во колото не заврши нерешено.
Од десетте натпревари, пет победија домаќините, а пет гостите. Последното такво нешто се случи во сезоната 1971-72, но разликата е во тоа што тогаш италијанското првенство го сочинуваа 16 екипи и беа одиграни 8 натпревари. Тогаш во првото коло 6 победи добија домаќините, 2 гостите.
Ова е четврти ваков случај во историјата на Серија А. Освен сезоната 1971-72, имаше уште два наврати кога немаше нерешено во првото коло на Калчото. Такво нешто се случило во далечните 1933-34 и во 1934-35 година.

Првото коло во Серија А беше извонредно и од друга причина. Никогаш досега во историјата сите осум екипи кои минатата сезона завршија на првите 8 места во конечниот пласман не ги добиле своите први натпревари од новата сезона. Тоа сега е факт откако Милан, Интер, Наполи, Јувентус, Лацио, Рома, Фиорентина и Аталанта забележаа победи на своите натпревари.