Играчот од средниот ред на Барселона, Иван Ракитиќ, следното лето може да биде дел од Атлетико од Мадрид, објавија медиумите во Шпанија.
Атлетико очекува да даде добра понуда за играчот на кого му истекува договорот со Барселона за една година. Според анализите договорот може да достигне 40 милиони евра. Во тековната сезона, 31-годишниот Ракитиќ одигра само еден натпревар како стартер во каталонскиот клуб во „Ла Лига“. Вкупно, тој има 16 натпревари, во кои постигна еден гол и една асистенција.
Минатото лето Иван ракитиќ беше близу до преселба во Париз Сен Жермен, но тој одби да стане дел од договорот со Нејмар. Доколку се случи овој трансфер ќе продолжат трансферите меѓу Барселона и Атлетико Мадрид, изминатото лето од Атлетико во Барселона дојде Антоан Гризман.

