Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Во Скопје денес се одржа 12. издание на „Авицена Женска Трка“
    Домашен микс

    Во Скопје денес се одржа 12. издание на „Авицена Женска Трка“

    risteBy riste07/04/2024No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Денеска се одржа 12. издание на „Авицена Женска Трка“. Овогодинешното издание беше најмасовно досега, со најголем број на учеснички, односно 3.420 припаднички на женскиот пол застанаа на стартната линија.

    Во периодот од 09:00 до 11:00 часот во Скопје владееше неверојатна атмосфера со позитивна енергија, благодарение на учесничките на трката, како и на посетителите, кои им даваа поддршка и со аплаузи ги бодреа.
    Учесничките на трката беа поделени во девет категории, а со најдобар резултат заврши Теа Божиновска, која е дел од атлетскиот клуб „Скопски Маратон“.

    Трката беше во организација на Сојуз на Спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје.
    Организаторите на настанот им искажуваат голема благодарност на сите учеснички на 12. издание на „Авицена Женска Трка“ и велат дека без нив, ова издание немаше да биде толку динамично, енергично и масовно, со надеж дека следната година ќе бидат во уште поголем број.

    „Авицена Женска Трка“ продолжува да биде симбол за успешни дами, за мотивација и успех, за постигнати резултати и поставени нови цели, како и за здрав начин на живот.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

    16/11/2026

    Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23

    16/11/2026

    Украинецот Захариев е освојувач на 55. „Златен Гонг“

    15/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.