Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Во Скопје денес се трчаше „Авицена Женска трка“
    Домашен микс

    Во Скопје денес се трчаше „Авицена Женска трка“

    risteBy riste06/09/2020No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Во организација на Сојуз на Спортови на Скопје и А.К. Работнички, а под покровителство на Град Скопје, денеска се одржа Авицена Женска трка. Трката се трчаше според специјалниот протокол кој што беше одобрен од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство.


    Со целосно почитување на мерките за заштита на здравјето и правилата на протоколот, учесничките истрчаа трка од 3 километри, со држење на дистанца и без групирање, со задолжителното носење на маски пред и по трката, редовна дезинфекција на раце и направен термален скрининг. Тие ја стартуваа трката пред главниот влез на А1 Арена – СЦ Борис Трајковски од 8:30 часот, потоа трчаа лево до подвозникот кај Хотелот Александар Палас, каде што свртеа десно во Градскиот Парк каде што патеката беше уредно означена со конуси и траки. Волонтерите ги насочуваа учесничките до самата цел во Градскиот Парк зад Ботаничката Градина.

    Оваа година прогласувањето на победничките на Авицена Женска Трка се одржа онлајн поради мерките за безбедност и грижа за здравјето против Ковид-19. Резултатите покажуваат дека од вкупно 500 учеснички, прва до целта стаса Милјана Ристиќ за 10 минути и 34 секунди , веднаш по неа е Весна Кираџиева која ја истрча патеката за 11 минути и 25 секудни, а на третото место според брзината на трчањето е Виолета Шестаков со 11 минути и 47 секунди.

    Овој пат освен победничките, победија и дисциплинираноста на учесничките и нивното почитување на мерките и протоколот, а победија и организаторите на Авицена Женска Трка поради безбедното спроведување и организација на трката во време на пандемија.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

    16/11/2026

    Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23

    16/11/2026

    Украинецот Захариев е освојувач на 55. „Златен Гонг“

    15/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.