Попладнево од 15 часот ќе се одиграат полуфиналните дуели од националниот фудбалски Куп. Во Тетово и Струга ќе се водат големи битки за место во финалето, затоа што годинава се игра само по еден меч на патот до финалната разврска.
Бранителот на трофејот од минатата сезона, екипата на Македонија ЃП пред себе ја има силната Шкендија, која е во серија од четири победи во домашниот шампионат, а покрај тоа ќе игра и на свој терен.
Во Струга, пак, освојувачот на Купот од пред две сезони, Силекс, ќе се судри со најдобриот тим во ПМФЛ оваа сезона. Стружани се надеваат на историја со евентуален пласман во своето прво куп-финале.
ФУДБАЛ, КУП НА МАКЕДОНИЈА
ПОЛУФИНАЛЕ:
15.00 Шкендија – Македонија ЃП
15.00 Струга – Силекс