Во Унгарија, во лигата каде настапуваат резервните клубови, на еден фудбалер му е изречена доживотна казна поради тоа што бил со пиштол покрај теренот за време на натпревар, пишува „Газета дело Спорт“.
Инцидентот се случил на 7 ноември во Унгарија, на натпревар од првенствен натпревар во оваа лига. На една од социјалните мрежи таткото на помошниот судија направил фотографија од еден од играчите како стои со пиштол на работ од теренот. Линискиот судија го пријавил ова кај раководството, кое пак ја известило Унгарската фудбалска федерација, која поднела полициска пријава против човекот. Подоцна беше идентификуван како гостинскиот фудбалер Кристијан Тот. После тоа фудбалерот е исклучен доживотно, против него е отворена и кривична пријава под обвинение за малтретирање и закани.
„Моите постапки беа шега, немав намера никого да повредам! Пиштолот му припаѓал на синот на еден од играчите на теренот, тоа е само пластична играчка пиштол, ништо посебно. Во тој момент не ми падна ни на памет какви може да бидат последиците од непромислената шега, за што веднаш се покајав. Многу ми е жал, беше крајно глупаво да се создаваат проблеми за другите, за себе и за спортот“, изјави дисквалификуваниот фудбалер.