Фудбалската федерација на Холандија ја поништи сезоната. Нема да има прогласување на шампион ниту ќе има испаѓање од лигата.
Ајакс и АЗ Алкмар до прекинот имаа идентичен број на бодови на чело на табелата. „Копјаниците“ ќе одат директно во плеј-офот за ЛШ додека АЗ ќе започен од второто елиминациско коло. Феенорд кој го има третото место ќе влезе во групната фаза во Лигата на Европа додека ПСВ и Вилем Втори ќе мора да играат во квалификациите.
Холанѓаните се определија на таков чекор бидејќи нивната Влада поради пандемијата на корона-вирусот донесе одлука за забрана на јавни собири и на спортски настани до 1 септември

