34-годишниот полски голман на Барселона Војчех Шчесни проговори за разликата помеѓу каталонскиот клуб и торински Јувентус.
„Не можам да се жалам на судбината. Треба да бидам многу благодарен за начинот на кој таа се однесуваше со мене. Да се игра за Барселона е многу интересно бидејќи е многу убава играта, сосема поинаква од она што го доживеав досега.
Не сакам да правам споредби во животот, но можам да кажам дека во Јувентус се се врти околу резултатот. Резултатот е најважен. Овде во Барса има огромна радост во фудбалот што се игра и тој е заразен. Неверојатно е да се видат милиони луѓе како гледаат што се случува“, изјави Шчесни за Фудбал Шпанија.

