Браќата, Војдан и Дамјан Стојановски, ќе останат во дресот на МЗТ Скопје иако имаат понуди да ја променат средината, објавија популарните –„штркови.
– Горди сме што во наредните 365 дена во нашиот тим повторно ќе го имаме капитенот Дамјан, нашиот заштитен знак и една од најголемите клупски легенди кој ќе ја одработи втората година од договорот. Со него ќе биде уште една легенда на мак-баскетот, неговиот брат-близнак Војдан, кој исто така има уште една сезона за играње за нашиот клуб“ – објавија од таборот на актуелниот шампион
МЗТ Скопје воедно потврди дека во клубот ќе остане и Андреј Андоноски.