Фудбалерот, Кајл Вокер, кој беше дел од селекцијата на Англија на последното Европското првенство во Германија, проговори за критиките што ги добиваше „Гордиот Албин“ и селекторот, Герет Саутгејт, кој веднаш потоа го напушти кормилото.
„Ќе излажам ако кажам дека не сме зборувале за тоа. Сите ние сме луѓе и сакавме се да биде убаво“ – изјавил Вокер.
Англичаните во континуитет беа критикувани за начинот на игра и поставеноста на теренот иако успеаја да стигнат до големото финале во кое загубија од Шпанија.

