Тренерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, потврди дека Кајл Вокер заработил потешка повреда на викенд дербито со Јунајтед.
Иако се чинеше дека неговата повреда нема да биде од сериозна природа и дека многу брзо ќе се врати на терените, новите прогнози го велат спротивното. Дури и неговиот настап на Мундијалот е доведен во прашање.
„Тој има проблем во стомакот и тоа е се што можам да кажам. Не знаеме кога ќе се врати, не знаеме дали ќе игра на Светското првенство“, изјави Гвардиола.