Десниот бек на репрезентацијата на Англија, Кајл Вокер, одговори на прашањето дали селекторот, Герет Саутгејт, побарал да се намали темпото откако Данска успеа да изедначи на вчерашниот меч на ЕП.
„ Нема шанси. Тренерот рече дека сака да играме напаѓачки фудбал. Понекогаш треба да ја контролирате играта.“ – вели Вокер.
„ Да ја погледнеме позитивната страна. Сега сме на првото место во групата и не загубивме“ – потенцираше дефанзивецот на Англија.