Челниците на италијанскиот состав Рома се заинтересирани за белгискиот дефанзивец на Тотенхем, Јан Вертонген, пренесува – „Тутоспорт“.
Договорот на 33-годишниот фудбалер со англискиот клуб истекува на крајот на сезоната по што тој ќе биде слободен агент. Римјаните во него видоа одлична опција за замена на Крис Смолинг, кој беше времено ангажиран од Манчестер Јунајтед за тековната кампања.
„Волчицата“ има опција да го купи Смолинг за 20 милиони евра во текот на летово, но, со оглед на кризата и намалените приходи поради пандемијата на корона-вирусот тоа нема да го искористи. Рома сака да го земе Вертонген без пари.