Рома се откажа од идејата да го ангажира дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Арон Ван-Бисака поради високата трансферна цена, тврди денеска „Газета дело спорт“.
Ван-Бисака кој не влегува во плановите на новиот менаџер, Ерик тен Хаг, се проценува на околу 30 милиони евра.
Бидејќи сумата е превисока за Италијанците, тие ќе се насочат кон десниот бек на Арсенал, Хектор Белерин. 27-годишниот Шпанец е проценет на околу 20 милиони евра.

