Фудбалерот на Монако од средниот ред, Жоао Мутињо, ќе го напушти „кнежевството“ и ќе се пресели во редовите на Вулверхемптон, објави новинарот Тим Неш преку неговиот профил на – „Твитер“.
Трансферот во Англија ќе биде вреден околу пет милиони фунти а играчот ќе потпише договор за две години. Мутињо кој има одиграно 113 мечеви за Португалија беше дел и од селекцијата која го освои европското првенство пред две години.
31-годишниот фудбалер во изминатата сезона одигра вкупно 44 натпревари за Монако со ефект од еден гол и седум асистенции.